Song: Balans
Artist:  Kiskinov
Year: 2012
Viewed: 4 - Published at: 9 years ago

[Строфа 1]
Велат не е битно кај си
Само не заборавај на јазикот мајчин
И местото кај што си растел и карактер градел
И на својот брат пазел во пламен да не падне
Каде жртва си бил други за да не потонат
Грешките да не ги повторат, да се подобрат
Да имаат избор и да не одат по полош пат
Никогаш заборав, никогаш ко мојот град
И ова не е клише туку почит, сфаќаш?
Лекција е секој ден што минува низ рака
Само лошо е што некои мораа цена да платат
Веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат
И овој тест за некој е тежок пекол
И ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов
Признавам низ ова мине секој
Но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место

[Рефрен]
Овде едно е да имаш - друго е да цениш
Едно е да си славен овде - друго е да вредиш
Едно е да си успешен - друго е да се трудиш
Лесно е да си крив кога другиот ти суди
Овде едно е да имаш - друго е да цениш
Едно е да си славен овде - друго е да вредиш
Едно е да си успешен - друго е да се трудиш
Тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш
[Строфа 2]
Јас знам дека трпиш се
А баланс е најтешко да имаш па на страна држи се
Не покажувај слабост, макар и да си на работ
Макар и да си пред крајот, на лице само радост
Гладен е, па несреќно се сити овој народ
Нема толку многу коњи колку што се крева правот
Прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне
Живот прекраток за план, кога си од денес за утре
А некои пеат иста песна уште
Сеуште живот бурен, сеуште сон студен
Ретко да се осудиш да пружиш рака
Па не мора да вратат, секако ќе те памтат
И кога-тогаш ќе ти симнат капа брат
И ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно
Заедно пак ќе чекориме по патот
Љубовта не познава закон - затоа јас вас ве сакам!

( Kiskinov )
www.ChordsAZ.com

TAGS :